На специјалната изложба за шарпланинци во Лешок победи Астор Виктор од Скопје

Шарпланинецот Астор Виктор од сопственикот Дениз Селим од Скопје е прогласен за најдобар на специјалната изложба за кучиња од расата шарпланинец што вчера се одржа во Лешок во организација на Кинолошко друштво Балтепе од Тетово.

Астор Виктор е прогласен за куче со најдобар изглед и држење од вкупно 30 шарпланинци кои учествуваа на специјалната изложба.

Покрај првата специјална изложба за Шарпланинец се одржа и Национална изложба за сите други раси на кучиња каде учествуваа 120 кучиња.

-Кај возрасни кучиња со над 18 месеци БИС (Best In Show-BIS) прво место е доделено на Нела, куче од раса германски овчар од сопственик Славе Стојковски, второ место на Нала, раса Померанец од Михаела Хаџиска од Скопје и трето место за Зипо, раса кане корсо раса од сопственик Александар Ризовски од Прилеп, информираше претседателот на друштвото Зоран Најдовски.

Во класа најубаво младо куче од девет до 18 месеци, прво место доби Нала, раса померанец – Михаела Хаџиска од Скопје, второ место црн руски териер од сопственик Владан Грујиќ-Ниш, Србија- Алтај, додека трето место за ротфајлер Деран од сопственичка Наташа Јованоска од Скопје.

Со оваа изложба за прв пат после 20-тина години во градот под Шара, Тетово, се одржа државна изложба за расата на автохтони кучиња Шарпланинци.  Победниците добија и национално оценување ЦАЦ (CAC-Certificat d’Aptitude au Championnat).

Треба да знаете
Последни објави