Чави е полош дури од Куман како предводник на Барселона од клупата

Звучи изненадувачки, но статистичките податоци покажуваат дека тренерот на шпанскиот    фубалски великан Барселона,  Чави Ернандез според постигнатите резултати е најлошиот во периодот од 2001 година до сега.                                                                                                                    Во шпанската  Ла Лига од почетокот на сезоната Барселона беше рамо до рамо со лутиот ривал Реал Мадрид се до вчера кога „кралевите“ го добија популарното дерби „Ел Класико“ и сега имаат три бода предност. Од друга страна во Лигата на шампионите Барселона многу веројатно ќе заврши со настапите во елитното клупско натпреаврувцање по групната фаза.        Од почетокот на Примера до вчерашниот натпревар Каталонците имаа само еден примен гол во Ла Лига, па впечатокот беше дека тимот напредува со Чави на клупата. Сепак, ако се погледне статистиката ќе се заклучи дека Чави е најлошиот тренер на Барселона во 21. век. Полош дури и од холандскиот стартег Роналд Куман кој толку многу беше критикуван.                  На 50 натпревари колку што ја предводи Барселона, Чави има скор од 28 победи, 11 нерешени и 11 порази. Процентот од 56% е полош од било кој тренер од 2001 година наваму.

Треба да знаете
Последни објави