Марк Волберг се сели од Калифорнија за да им обезбеди подобар живот на децата

Марк Волберг откри дека го преселил своето семејство од Калифорнија во Невада за подобар живот.

Актеро (51) неодамна се појави во „Д’ Ток“ каде зборуваше за балансирање на работата и татковството.

„Тоа е најголемиот предизвик. Секој слободен момент го поминувам дома. Сакам да можам да работам од дома. Се преселив во Калифорнија пред многу години за да изградам актерска кариера, и снимив само неколку филмови додека бев таму”, изјави Волберг.

„Сакам моите деца да имаат подобар живот, да им дозволам да ги следат своите соништа, ќерката сака јавање, синот кошарка, помалиот син голф… ова има многу повеќе смисла за нас. Дојдовме овде за да направиме промени, да им овозможиме нов почеток на децата. Овде има многу можности. Возбуден сум за иднината“.

Холивудскиот актер и неговата сопруга Реа Дурам имаат четири деца, ќерката Ела (19), синовите Мајкл и Брендан на возраст од 16 и 14 години и 12-годишната ќерка Грејс.

Според информациите на Architectural Digest, Волберг минатата пролет го ставил на продажба својот луксузен имот во Лос Анџелес за неверојатни 87.5 милиони долари. Имотот има 12 спални соби и 20 бањи, домашно кино, тениско игралиште, винарска визба, терен за голф, голем базен и посебна куќа за гости.

Треба да знаете
Последни објави