Лацио ќе биде без својот најдобар стрелец и капитен Чиро Имобиле барем до крајот на годината, јавуваат италијанските медиуми, откако од клубот потврдија дека има повреда на предната ложа поради што дуелот со Удинезе го заврши во првото полувреме.
Според „Ла газета дело спорт“, 32-годишниот напаѓач нема да биде во составот на Маурицио Сари барем до почетокот на 2023 година, пропуштајќи серија на важни натпревари пред Светското првенство – дуелите со Аталант, Јувентус и Рома, плус двата важни натпревари во Лига Европа против Митјиланд и Феенорд.
Имобиле, кој во кариерата има 189 гола во 273 настапи за Лацио по трансферот од Севилја во 2016 година, имаше успешен старт на сезонат со шест гола во 10 меча.