Шампионот Голден стејт немаше проблеми на стартот од сезоната со ЛА Лејкерс

Почна новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светото – НБА. Се одиграа два натпревари во кои актуелниот шампиона Голден стејт и Бостон ја искористија предноста на домашниот терен и забележаа ппобеди против  Лос Анџелес Лејкерс, односно Филаделфија. Голден стејт без проблеми го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 123:109, а Бостон победи против Филаделфија со 126:117.

Најдобар поединец во редовите на актуелниот шампион Голден стејт беше  Стеф Кари кој мечот го заврши со 33 постигнати кошеви, шест скока и седум асистенции. Кај гостинот Лејкерс прв стрелец беше Леброн Џејмс кој постигна 33 поени, 14 скока и шест асистенции. Поинтересно беше во Бостон, каде Селтикс и Сиксерси одиграа неизвесен меч, особено во првото полувреме кое заврши 63:63. Решавачки во овој меч беше третата четвртина кога Бостон направи позитива од десет поени и не му даде шанса на противникот да се врати во игра.

Џејлен Браун и Џејсон Тејтум ги предводеа Селтикси со по 35 поени. Кај гостите Џејмс Харден исто така постигна 35 поени со осум скока и седум асистенции.

 

Треба да знаете
Последни објави