Леклер ќе загуби пет позиции на американското Гран при

Раководството на Формула 1 тимот Ферари одлучи да монтира нов 6-цилиндарски мотор на болидот на Шарл Леклер. Оваа вест ја објави „Мотоспорт Италија”.

Италијанскиот тим одлучи да го снабди Леклер со мотор со иста спецификација кој ќе се користи во текот на сезоната 2023 година.

Дваесет и петгодишниот Моначанец поради ова ќе добие казна со губење пет места на старт на трката за Големата награда на САД.

Забележано е дека Ферари ќе користи поагресивни поставки за мапирање на моторот за да го процени потенцијалот на новиот „ERS систем”.

Од 2022 година, ФИА воведе мораториум за модернизација на моторите до 2025 година.

По 18 трки сезонава, Леклер е трет во поредокот, со еден бод помалку од возачот на Ред Бул, Серхио Перез, кој е на второто место.

Ферари е на второто место во шампионатот за конструктори со 165 бода зад Ред Бул.

Големата награда на САД ќе се вози од 21 до 23 октомври.

Треба да знаете
Последни објави