Десетина ковчези останаа да висат во воздух по уривањето на четирикатница со погребни ниши на најстарите гробишта во Неапол, пренесува Гардијан.
Ова е втор инцидент оваа година на истото место, а критичарите за проблемот го обвинуваат лошото управување со гробиштата во јужниот италијански град. За среќа нема жртви.
Гробиштата Поџореале се најголемите гробишта во Неапол, а додека трае истрагата за уривањето на мермерната зграда, властите одлучија да ги затворат гробиштата.
во моментот на уривањето, на гробиштата немало посетители бидејќи биле затворени.
Посебна истрага продолжува поради инцидентот во јануари, кога се урна зграда во друг дел од гробиштата, при што беа уништени околу 300 гробни предмети.
Семејствата на починатите во вторник одржаа протест.