Фулам стигна до убедлива 3:0 победа над Астон вила, за да го зголеми притисокот на менаџерот на клубот од Бирмингем, Стивен Џерард откако неговиот тим нема победа во последните пет меча во Премиерлигата.
Херисон Рид ги донесе домаќините во водство во 36. минута, пред сите обиди на Вила за камбек да се „распаднат“ во 63. минута кога Даглас Луиз доби црвен картон, а потоа и Александар Митровиќ од пенал зголеми на 2:0. Во 83. минута, поранешниот капитен на Вила, Тајрон Мингс си постигна автогол за комплетирање на мечот за заборав за гостите.
Фулам се 9. на табелата со 15 освоени поени, додека Вила се на 17. место со само 9 освоени поени во 11 меча.