Астон Вила го избрка Џерард, навивачите го навредуваа и исмејуваа

Астон Вила е далеку од идеална игра во новата сезона, а таа сметка, ја плати нивниот тренер, Стивен Џерард.

По 11. одиграни кола, тимот од Бирмингем е на 17. позиција со само девет освоени бодови и во низа се од четири натпревари без победа, што е ужасен резултат за нив. Челните лица на премиерлигашот своето незадоволство од резултатите на тимот го искажаа со промена на менаџерската функција, по само една година откако го доведоа легендарниот Џерард.

По единаесет одиграни кола екипата од Бирмингем се наоѓа на 17. позиција со девет освоени бода и во серија од четири натпревари без победа. Тоа беше доволна причина за поранешниот менаџер на Глазгов Ренџерс да добие отказ.

Покрај раководството, и навивачите исто така не беа задоволни од работата на Џерард, па дури и го исмеваа неговото лизгање против Челзи, кога Ливерпул ја загуби титулата. За време на натпреварот во Лондон побараа од него да ја напушти клупата.

„Сакаме да му се заблагодариме на Стивен Џерард на својата посветена работа. Сакаме да му посакаме се најдобро во иднина“, порачаа од клубот од Бирмингем.

Стивен Џерард на кормилото на поранешниот европски првак пристигна по одличните резултати со шкотскиот Ренџерс, клуб кој го врати на врвот на шкотскиот фудбал, но и на европската мапа.

Треба да знаете
Последни објави