Поранешниот МВП на лигата натпреварот го заврши со само два поени и тоа постигнати од слободни фрлања за 27 минути минати на паркетот. Од игра имаше 11 шута и не погоди ниту еднаш. Сепак, според него тој одиграл солидно против Клиперс.
Беше запрашан од новинарот како го оценува својот настап вечерва.
„Солидно, солидно. Играв жестокот, тоа е сè што може да се побара“, рече Вестбрук.
Неговото место во ростерот на Лејкерс и натаму е неизвесно. Тимот и натаму планира да го „трејдува“ во друг тим, а и изминатото лето сериозно се шпекулираше дека ќе си замине од Лос Анџелес.