(Видео) Кан го поздрави Рибери: Дојде како измамник, ме изненади со кофа вода, а сега….

Поради тешка повреда на коленото и неуспешниот обид да ја санира истата, Франк Рибери одлучи принудно да стави крај на својата професионална играчка кариера, која траеше цели 22 години и која ќе остане запаметена по многу значајни успеси.

Неверојатното крило важеше за еден од најдобрите дриблери во светот и најдобрите моменти ги имаше во Баерн Минхен, клуб во кој ужива статус на вистинска легенда.

Рибери успеа да освои се што можеше да се освои во Минхен и најмногу ќе остане запаметен по тандемот кој го имаше со Арјен Робен, но и по својот карактер кој правеше да биде главен забавувач во соблекувалната на фудбалскиот великан од Баварија.

Сведок за тоа е и Оливер Кан, кој сега реши на најоригинален начин да го испрати Рибери во пензија, бидејќи и тој беше жртва на една од солените шеги на Франк за време на нивната заедничка етапа во Баерн.

– Дојде во Минхен како измамник, ме изенади со кофа вода и сега си апсолутна легенда на клубот. Ти посакувам се најдобро во иднина. Секогаш ќе имаш свој дом во Баерн. Честитки легендо, – порача Кан.

Треба да знаете
Последни објави