Вестбрук откако не постигна ниту еден кош од 11 обиди: Одиграв солидно

Расел Вестбрук како да се труди да биде трејдуван од таборот на Лос Анџелес лејкерс, па по поразот од градскиот ривал Клиперс даде чудна изјава за медиумите.

Поранешниот МВП на лигата натпреварот го заврши со само два поени и тоа постигнати од слободни фрлања за 27 минути минати на паркетот. Од игра имаше 11 шута и не погоди ниту еднаш. Сепак, според него тој одиграл солидно против Клиперс.

Беше запрашан од новинарот како го оценува својот настап вечерва.

„Солидно, солидно. Играв жестокот, тоа е сè што може да се побара“, рече Вестбрук.

Неговото место во ростерот на Лејкерс и натаму е неизвесно. Тимот и натаму планира да го „трејдува“ во друг тим, а и изминатото лето сериозно се шпекулираше дека ќе си замине од Лос Анџелес.

Треба да знаете
Последни објави