Хрватскиот фудбалски првак Динамо Загреб остана непоразен во Сплит на гостувањето кај најлголемиот ривал Хајдук (1:1).
Бруно Петковиќ изнуди пенал, па го реализираше ударот од белата точкја на 18 минути пред крајот на мечот, откако Марко Ливаја во 27-та минута донесе водство за Хајдук. За Динамо ова беше само второ реми сезонава покрај 11 победи.
За Динамо цел меч одигра капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми, додека Стефан Ристовски ги играше завршните осум минути од надополнувањето откако влезе во 90-та минута во игра. Кај Хајдук, пак, Јани Атанасов доби шанса во завршницата откако влезе во игра во 80-та минута од мечот.
Динамо по 13 кола е прв до 35 бода, Хајдук има 27, а Осиек е на 24 бода.