Хаос во Лондон, навивачите на ПСВ со огномет ги гаѓаа навивачите на Арсенал

Арсенал го победи ПСВ со 1:0 во четвртото коло од Лигата на Европа на „Емирати“. Тоа беше директна борба за првото место во групата А, која сега ја води лондонската екипа со 12 бода, што значи дека на два натпревари до крајот обезбедија пласман во нокаут фазата од натпреварувањето. Покрај победничкиот гол на капитенот Гранит Џака, играта ја одбележаа и помали нереди на холандските навивачи.

Во еден момент, симпатизерите на ПСВ испукаа огномет кон навивачите на Арсенал од гостинскиот дел, но за среќа проектилот ја промаши домашната трибина. Во следното коло од Лигата на Европа овие екипи се среќаваат во Ајндховен во натпревар кој ќе биде неважен за тимот на Микел Артета.

 

 

Треба да знаете
Последни објави