Како поддржувач на развојот на винската култура во нашата држава, специјализираната продавница за вина, wine.mk, организира едукативна работилница што ќе се одржи на 26 октомври во Винарија Камник. Работилницата се одржува во соработка со Riedel the Wine Glass Company, еден од најдобрите светски производители за вински чаши, а ќе ја води потпретседателот на Riedel за Јужна Европа Stefano Canello.
Целта на работилницата е да го акцентира значењето на изборот на чашата за вино и влијанието врз вкусот на виното и да ја премости разликата во нијансите меѓу обликот на чашите и бојата на виното. Преку практични и конкретни примери, потпретседателот на Riedel, Stefano Canello ќе демонстрира како формата на чашата влијае на целокупното искуство на дегустирање на виното и како со различни форми на чаши се доловува максимално потенцијалот на виното со своите ароми, вкус и баланс. Учесниците ќе имаат можност да дегустираат различни бели и црвени вина од македонски винарии.
Според пристапот и моделот на предавање, едукативната работилница е наменета и за сите љубители на виното, но и за ХоРеКа секторот со корисни совети и знаења за сопственици и менаџери на ресторани, хотели и кафетерии.
Работилницата ќе се одржи во Винарија Камник на 26 октомври со почеток од 18.30 часот.
Повеќе информации за настанот се достапни на www.wine.mk