Лејкерс немаат решение за Клиперс, Бакси подобри од Филаделфија

Лос Анџелес лејкерс ја почнаа сеозната со два порази, прво од шампионот Голден Стејт, а утринава и од градскиот ривал Клиперс со 103-97.

Ова беше осма победа по ред на Клиперс во меѓусебните дуели со Лејкерс, а Каваи Ленард постигна 14 поени на својот прв натпревар по пауза од 16 месеци. Пол Џорџ и Џон Вол на дебито имаа по 15 поени. Одличен меч одигра хрватскиот центар во Клиперси, Ивица Зубац со 14 поени и шут 6-6, 17 скока и пет блокади.

Кај Лејкерс најефикасен беше Лони Вокер со 26 поени, Ентони Дејвис имаше 25, а Леброн Џејмс 20 поени.

Милвоки славеше со 90-88 на гостувањето кај Филаделфија. Победникот на овој меч го реши тројката на Весли Метјус на 24 секунди пред крајот по додавањето на Грејсон Ален од аут. Филаделфија потоа имаше уште два обиди за победа, но ги промаши и двата. Вториот решавачки удар го промаши Џејмс Харден, инаку најдобриот поединец на средбата со 31 поен, осум скока и девет асистенции.

Јанис Адетокумпо со 21 поен и 13 скока ги предводеше Бакс, додека Брук Лопез имаше 17 поени.

Во редовите на Филаделфија, која го забележа вториот пораз, Тајрис Макси додаде 15 поени. Џоел Ембиид беше целосно „затворен“ од Лопес и Адетокумбо, па во вториот дел не постигна гол. Ембид, кој одби да разговара со медиумите по натпреварот, го заврши овој натпревар со 15 поени и 12 скока.

Треба да знаете
Последни објави