Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со својот Денвер го совладаа шампионот Голден Стејт во драматичен меч во Сан Франциско. Денвер славеше со 128:123, иако имаше двоифрена предност на полувремето Вориорс неколку пати во завршницата успеваше да се врати во живот. Но на крајот Нагетс успеаја да ги „докрајчат“ и да стигнат до првата победа во оваа сезона на НБА лигата.
Јокиќ го запиша првиот трипл-дабл во сезоната 2022/23, а вкупно 77. во кариерата и му недостасува уште еден меч со ваков скор за да се изедначи на седмото место на вечната листа со Вилт Чемберлејн.
Сепак, во еден момент малку недостигаше да биде тешко повреден и со тоа да ја заврши сезоната која штотуку започна.
Имено Дрејмон Грин намерно или намерно просто му “легна“ со сета своја тежина на ногата на Јокиќ. За среќа сепак не се заврши трагично по ногата на кошаркарот на Денвер.
Српскиот ас за помалку од 35 минути на паркетор впиша 26 поени, а притоа имаше 12 скокови и 10 асистенции. Кај Денвер ефикасни беа уште Браун со 20 поени, Кадвел-Поуп и Портер Џуниор со по 17. На другата страна Стеф Кари постигна 34 поени, додека Вигинс 23.
Give us your thoughts on this play #Warriors #Green #Jokic Dirty or no? pic.twitter.com/vVTmiaFcIa
— InsideTheNBA (@edfsnba) October 22, 2022