Фудбалерите на Челси одиграа 1-1 на домашен терен против Манчестер јунајтед во дерби натпреварот од 12. коло во англиската Премиер-лига.
Во првото полувреме „црвените-ѓаволи“ беа далеку подобар противник, но не успеаја да го затресат голот на домаќините. Ентони и Рашфорд имаа ситуации еден на еден со голманот на Челси, Кепа во кои триумфираше домашниот голман.
Во вториот дел Челси како да се извади од почетниот притисок и заигра далеку подобро. Лоша вест за Ерик тен Хаг беше повредата на Рафаел Варан по која Французинот мораше да го напушти теренот по еден час игра.
Оваа ситуација Челси ја искористи и нападна, а најубавата шанса ја имаа преку Чалобах кој од корнер биеше блиску над пречката. МекТоминеј влезе во игра во 80-та минута за гостите и многу брзо направи вистинска глупост, односно направи пенал врз Броја кој прецизно го реализираше Жоржињо.
Водството од 1:0 во тој момент се чинеше дека ќе биде доволно за голема победа, но сепак вербата кај избраниците на Тен Хаг се покажа како пресудна во завршницата. Гостите успеаја да стигнат до бод со првенецот на Касемиро во 95. минута кој соизвонреден скок и удар со глава се избори за 1:1.