Мартин најбрз во квалификациите за утрешното ГП на Малезија

Хорхе Мартин од Дукати ќе стартува од пол-позицијата на утрешната претпоследна трка во сезоната во Мото ГП шампионатот. Возачот на Дукати оствари најбрзо време во денешните квалификации за Гранд-прито на Малезија и утре ќе ја има првата стартна позиција.

Во првиот ред, но зад Шпанецот за кого ова е четврти пат сезонава да ја има пол-позицијата, ќе бидат Италијанецот, Енеа Бастианини односно повеќекратниот светски првак Марк Маркез на Хонда.

Лидерот во Генералниот пласман Франческо Бањаја и неговиот конкурент за титулата, актуелниот првак Фабиот Квартараро ќе започнат од 9-тата и 12-тата стартна позиција.

На две трки до крајот на сезоната лидер во генералниот пласман е Бањаја со 14 бодови повеќе во однос на Квартараро, а сеуште, барем теоретски, во игра за шампионската титула се и Еспаргаро и Бастианини.

Стартот на утрешното малезиско Гранд при е во 9 часот наутро

Треба да знаете
Последни објави