Карим Бензема има проблеми со повреда на мускулот, потврдија од Реал Мадрид. Бензема претходно неделава ја освои „Златната топка“ за најдобар играч од минатата сезона, а само неколку дена подоцна стигнаа лоши вести.
Се уште не е познато колку долго тој ќе биде надвор од терените, а бидејќи Светското првенство почнува за нешто помалку од еден месец се пали „црвениот аларм“ во репрезентацијата на Франција.. Реал Мадрид на својата веб-страница откри дека нивниот најдобар напаѓач има проблеми со квадрицепсите на левата нога и ќе му треба период на опоравување.
Бензема оваа сезона постигна шест гола на 11 натпревари.