Кин: Фудбал е полн со фолиранти, а Роналдо не е еден од нив

Кристијано Роналдо привремено беше исфрлен од тимот на Манчестер јунајтед, со одлука на тренерот Ерик тен Хаг, откако тој одби да влезе во игра на мечот со Тотенхем и го напушти „Олд Трафорд“, пред последниот судиски свиреж.
Португалецот оваа сезона најчесто е резерва. Тој се обиде да го нашушти клубот во летниот преоден рок, незадоволен од фактот дека Јунајтед сезонава не се во Лигата на шампионите.

Неговиот менаџер Жорге Мендеш го понуди на бројни клубови во текот на летото, но никој не го сакаше Португалецот во своите редови.

Во одбрана на Роналдо застана Рој Кин, поранешниот капитен на Јунајтед.

„Се обидувам ги согледам работите од негова страна. Очигледно е дека ситуацијата во која се наоѓа му дојде „преку глава“. Мислам дека врие во последните неколку недели, но и тој е човек, има свои маани. Затоа сум на негова страна“, изјави Кин за „Скај спорт“.

„Тој е фрустриран затоа што не не игра доволно. Тој предвреме си замина во соблекувалната, но имаше играчи кои направија полоши работи во Јунајтед. Јас би бил повеќе загрижен ако Роналдо само седи на клупата и се смее или ако не го интересира што се случува на теренот. Се грижи. Денешниот фудбал е полн со фолиранти, но тој не е еден од нив“, додаде тој.

„Луѓето велат дека тој не е истиот играч како пред десет години. Секако дека не е, но минатата сезона беше најдобар стрелец на Јунајтед. Манчестер Јунајтед кој беше лош. Тој е играч од светска класа“, заклучи Кин.

Треба да знаете
Последни објави