Основачот на Ред Бул, Дитрих Матешиц долго време боледувал од тешка болест, а синоќа ја загуби најважната битка за неговиот живот и почина на 78-годишна возраст.
Матешиц е основач на Ред Бул со кој во текот на последната деценија на минатиот век влезе во светот на Формула 1 како спонзор на Заубер.
Тој го купи тимот на Јагуар во 2004 година, по што го преименува во Ред Бул Рејсинг и му помогна на тимот набрзо да стане најбрз во Ф1.
Исто така, тој бил газда и на фудбалските клубови Салцбург, Њујорк ред булс и Лајпциг, но и хокеарскиот тим РБ Минхен.