Блескава вечер имаа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ во натпреварите од најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Србинот Јокиќ стигна до трипл-дабл во победата на Денвер нагетс од 122:117 против Оклахома сити, додека Словенецот Лука Дончиќ учествуваше со 32 поени во триумфот на Далас против Мемфис со 137:96.
Јокиќ одигра важна улога на паркетот за Денвер и го запиша својот 78. трипл-дабл во кариерата, откако постигна 19 поени, 16 скокови и 13 асистенции, па така се израмни со легендарниот кошакар Вилт Чемберлејн на вчната листа и му недостига само еден трипл-дабл за да стане најдобар центар во историјата на НБА по таа статистика.
Кошаркарите на Далас го прегазија Мемфис со 137:96, а нов одличен меч одигра Дончиќ, кој запиша 32 поени, 10 асистенции седум скокови, додека него го следеше Кристијан Вуд со 25 поени и 12 скокови, а на спротивната страна најефикасен беше Џа Морант со 20 поени.
Резултати од другите одиграни натпревари:
Филаделфија – Сан Антонио 105:114
Индијана – Детроит 124:115
Орландо – Бостон 120:126
Чикаго – Кливленд 96:128
Мајами – Торонто 112:109
Милвоки – Хјустон 125:105
Сакраменто – Лос Анџелес Клиперс 109:111