Ислам Махачев е новиот шампион на УФЦ во лесна категорија, откако синоќа во втората рунда го принуди Чарлс Оливеира да се потчини.
ISLAM MAKHACHEV IS THE UNDISPUTED LW CHAMPION OF THE WORLD! ????
[ @MakhachevMMA | #UFC280 ] pic.twitter.com/aJzHlS6fxF
— UFC (@ufc) October 22, 2022
ММА борачот кој со право го нарекуваат наследник на Хабиб Нурмагомедов, доминираше од почетокот на борбата и откако со десно кроше го собори Бразилецот, го „задуши“ во партерот.
За 31-годишниот борач од Дагестан ова е 23. победа во кариерата, а единствениот пораз го имаше пред седум години од Адријан Мартинс. Исто така, треба да се каже дека ова е негова 11-та последователна победа.
Така Махачев го презеде тронот што до пред две години го држеше неговиот голем пријател Хабиб Нурмагомедов.