Страшен инцидент во Остин, се судрија Алонсо и Строл

Страшен инцидент се случи во 22. круг на трката за Големата награда на САД, која се вози на патеката во Остин, Тексас.

Траката беше под безбедносното возило три круга откако Валтери Ботас излета од патеката. Во моментот кога безбедносното возило ја напушти патеката и трката продолжи се судрија Фернандо Алонсо од Алпин и Ленс Строл од Астон Мартин.

Шпанецот се обиде да го мине Каншанецот. Впечаток е дека Строл доцна тргна да затвори и Алонсо удри во неговиот болид.

Алонсо 50.метри возеше на задните тркала, а болидот на Строл беше целосно уништен.

Од ударот летат делови на сите страни, среќа имаа Пјер Гасли и Ландо Норис кои минаа без последици.

Алонсо ја продолжи трката, откако влезе во боксот и го замени предното крило.

Инаку трката заврши со инцидентот помеѓу Џорџ Расел и Карлос Саинс кој стартуваше од пол-позицијата. Шпанецот веднаш остана без првото место откако беше престигнат од Макс Ферстапен, а потоа во првиот свиок имаше контакт помеѓу него и Расел.

Саинс влезе во боксот и се откажа од трката.

Треба да знаете
Последни објави