Тотенхем и Њукасл го одиграа својот натпревар во рамките од 13. коло на Премиер лигата, а на изненадување на многумина гостите победија и му однесоа три бода на домаќинот од Лондон.
Имено, и покрај тоа што во минатото коло беа поразени од Манчестер Јунајтед, тимот на Тотенхем беше барем благ фаворит на денешната средба.
Кога започна натпреварот, се се сврте во корист на Њукасл. Домашните напаѓаа, но залудно, додека гостите играа мирно и ја чекаа својата шанса.
Еден добија во 31. минута. Долга топка кон Вилсон, катастрофална реакција и грешка на Лорис и мајсторски лоб на Вилсон, а резултатот беше 0:1 за гостите.
Само девет минути подоцна нов шок за домашните навивачи. Алмирон ја прими топката во просторот, побегна од својот чувар и рутински погоди за 0:2.
Со тој резултат заминавме на одмор, а во вториот дел можеше да очекуваме само тотална офанзива од домашните фудбалери.
Токму така започна вториот дел од натпреварот, а вроди со плод во 54. минута кога Хари Кејн на асистенција на Ленглет постигна гол за 1:2.
Вреди да се истакне и дека гостите силно протестираа за голот бидејќи сметаа дека на голот му претходела играње со рака на домашен играч во шеснаесетникот на Тотенхем и дека Њукасл требало да биде досуден пенал.
Тоа не се случи, голот беше прзнат, а во тој момент се очекуваше домашниот тим поддржан од публиката да оди на голем пресврт.
Тамошните фудбалери создадоа неколку добри шанси, но не можеа да постигнат гол, а на крајот Њукасл ги однесе трите бода од денешниот натпревар.
По овој пораз, Тотенхем остана на третото место со 23 освоени бода, но сега има натпревар повеќе од Арсенал и Манчестер Сити кои се на првото и второто место.
Од друга страна, Њукасл сега е четврти на табелата со 21 бод, па ова е одличен резултат за нив.