Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи денеска во првата сезонска велеслаломска трка која во рамки на Светскиот кип се возеше во австрискиот центар Золден.
Одермат, кој минатата сезона го освои големиот Кристален глобус, беше денеска најбрз и по првото возење, а победи со резултат 2:04:72 минути.
Второто место со заостанување од 0.76 стотинки го освои словенечкиот скијач Жан Крањец, додека место на подиумот имаше и за Хенрик Кристоферсон од Норвешка, кој зад Одермат заостана 0.97 стотинки.
Во Золден вчера требаше да се вози и женската трка во велеслалом, која беше одложена поради дожд.