Нигерискиот фудбалски интернационалец Виктор Осимен беше херојот на дерби натпреварот од италијанската Серија А одигран на „Олимпикo“ во кој неговиот тим Наполи ја победи Рома со 1:0. Осимен го постигна победничкиот гол и ги воодушеви скаутите на Челзи кои дојдоа да се уверат во неговиот фудбалски потенцијал.
Брилијантниот 23-годишен напаѓач е еден од клучните играчи во тимот на Лучијано Спалети, кој оваа сезона игра феноменално и со еден пораз е на врвот во Серија А. Освен што се мачеше со повреда на бутниот мускул, постигна четири гола во досегашниот дел од првенството, а „наполитанците“ со неговите голови славеа на претходните два натпревари.
Јасно е дека по она што го видоа, скаутите на Челси ќе му дадат зелено светло на менаџерот Грем Потер за трансфер на Нигериецот, но Наполи ќе биде многу тежок преговарач, а цената од 100 милиони евра што ја постави претседателот Аурелио де Лаурентис е сериозна пречка за „сините“.
Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед летово истот ака се распрашуваа за Осимен, но напаѓачот реши да остане во Неапол и да се обиде на клубот да му ја донесе титулата, прва по генерацијата на Марадона во 1990 година.