Борусија Дортмунд не сака да го продаде Белингем

Бундеслигашот Борусија Дортмунд е уверена дека Џад Белингем ќе остане во клубот и покрај тоа што за младиот англиски фудбалер се заинтересирани многу клубови.

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, во изјава за германските медиуми рече дека клубот нема намера да го продаде Белингем и оти може да го убеди да остане во Бундеслигата.

-Џад беше подеднакво баран пред натпреварот со Штутгарт, како што ќе биде и по тој натпревар. Тој сè уште може да се развива кај нас, може да го направи следниот чекор во кариерата, како што тоа го направи и оваа сезона, изјави Кел.

Борусија во саботата го совлада Штутгарт со 5-0, а Белингем беше двоен стрелец.

За 19-годишниот англиски фудбалер, кој има договор со Борусија до 2025 година, интерес покажуваат Ливерпул, Манчестер сити, Челзи и Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави