Еден од најдобрите фудалери во изминатат декада, португалскиот интеранционалец Кристијано Роналдо (37 г.) кој е на залезот од својата играчка кариера неодамна направи проблем во англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед кога не го послуша повикот на тренерот Ерик Тен Хаг да влезе во игра во последните минуту од мечот со Тотнехем по што го напушти стадионот . Поради овој непромислен потег Роналдо беше „избришан“ од кандидатите за составот на тимот за дуелот со Челзи, а мораше и да плати казна од еден милион фунти. Денеска е на разговор со тренерот Тен Хаг и има две опции – помирување или заминување веќе во јануари од „Олд Трафорд“.
Тен Хаг е дециден дека Португалецот треба да остане член на тимот од Манчестер, но не би сметал секогаш на него како стартер.
Пред одлуката би сакал да го слушне мислењето на Роналдо, особено ако може да се помири со ситуацијата дека веќе не е недопирлив во стартните 11.
Оваа гласина дополнително може да се потврди со фактот дека, според информациите на Дејли Меил, петкратниот освојувач на Златната топка морал да тренира со резервниот тим до 21 година овој викенд како дел од неговата казна, што Роналдо не прифати, но наместо тоа тренира сам.