Актуелниот европски првак Реал Мадрид поради повредени играчи ќе биде значително ослабен на утрешното гостување во Германија против Лајпциг, во рамки на 5. коло од групата Ф во Лигата на шампиони.
Шпанскиот клуб соопшти денеска дека дуелот против Лајпциг поради повреди ќе го пропуштат Карим Бензема, Лука Модриќ и Федерико Валверде.
Реал го обезбеди пласманот во осминафиналето во ЛШ на две кола пред крајот на групната фаза.
Бранителот на европската титула води во групата Ф со десет бодови, пред Лајпциг на второто место со шест бодови. Шахтјор Доњецк е на третото место со пет бодови, а Селтик е последнопласиран со еден бод.