Потврдено: Унаи Емери на кормилото на Астон Вила

Астон Вила потврди дека е постигнат договор со Унаи Емери да седне на кормилото на тимот од Бирмингем.

После лошиот старт на сезоната раководството на Астон Вила реши да му врачи отказ на Стивен Џерард и беше во потрага по нов тренер.

Премиерлигашот се договори со Унаи Емери, кој моментално е на кормилото на Виљареал, меѓутоа Астон Вила ќе ја плати откупната клаузула во неговиот договор од 6 милиони евра.

Емери се враќа на Островот и ќе седне на кормилото а Астон Вила, каде годишно ќе зарабптува 7 милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави