Метју Пери откри поранешна тајна љубов – Џулија Робертс

Метју Пери порано бил во тајна врска со Џулија Робертс, но ја прекинал за три месеци затоа што се плашел дека ќе го остави. Актерот од „Пријатели“ се запознал со ѕвездата на „Убава жена“ во 90-тите, откако ја убедил да се појави во популарната серија, но призна дека ја одложувал врската бидејќи сметал дека не е доволно добар за холивудската ѕвезда.

Во својата автобиографија „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, која се објавува во весникот „Тајмс“, Метју вели: „Врска со Џулија Робертс беше премногу за мене. Постојано бев сигурен дека таа ќе раскине со мене. Зошто не би? Никогаш не бев доволен, бев недостоен за да бидам сакан.

„Значи, наместо да се соочам со неизбежната агонија да ја загубам, раскинав со прекрасната и брилијантна Џулија Робертс.“

„Можеби мислеше дека ќе се дружи со некое момче од ТВ-серија, а ТВ момчето раскинува со неа. Не можам да почнам да го опишам изгледот на збунетоста на нејзиното лице“.

53-годишниот Метју се присети како започнала романсата. Џулија ја викнале да се појави на „Пријатели“ во 1995 година, а продуцентите го охрабриле да стапи во контакт со неа откако таа предложила дека ќе се појави само ако може да биде во приказна со ликот на Метју, Чендлер Бинг.

„Ѝ испратив триестеттина црвени рози, а на картичката пишуваше: „Единственото нешто повозбудливо од можноста да учествуваш во серијата е тоа што конечно имам изговор да ти испратам цвеќе“.

„Џулија не само што се согласи да се појави во серијата, туку ми испрати и подарок – ѓевреци, многу, многу ѓевреци“.

Треба да знаете
Последни објави