Пресметката меѓу Шкупи и Шкендија ќе го одбележи четвртфиналето од фудбалскиот Купот на Македонија. Вака одлучи денешната ждрепката во ФФМ за двојките во оваа елиминаторна рунда од најмасовното натпреварување.
Шкупи и Шкендија во последните седум меѓусебни пресметки ремизираа, а во оваа мора да донесе победник па затоа се очкува многу возбудлив дуле во Чаир на 9 ноември, во битка за место во полуфиналето.
Струга Трим Лум, актуелниот прволигашки лидер ја доби незгодната Брегалница, која е во сериозна резултатска криза, додека актуелниот бранител на трофејот Македонија ЃП ќе се соочи со освојувачот на куп-трофејот од 2019 година, Академија Пандев.
Последниот меч ќе се игра во Кратово во пресметка на екс-победниците на Купот, Силекс против Вардар, кој сега е единствениот претставник на второлигашите во оваа елиминациска фаза.
Двојки за четвртфиналто
Силекс – Вардар
Македонија ЃП – Академија Пандев
Шкупи – Шкендија
Струга Трим Лум – Брегалница
Натпреварите ќе се играат на 9 нември од 13 часот.