Еден Азар сака да го освои Светското првенство во 2022 година со Белгија. За играчот од средниот ред на Реал Мадрид, турнирот во Катар ќе биде трет Мундијал во кариерата.
На Светското првенство во 2018 година, Белгија заврши на третото место.
– Треба да ја поставиме границата високо. Сакам да се претставиме подобро отколку во 2018 година. Ќе биде тешко, бидејќи тој резултат беше прилично добар. Имам среќа што сум капитен на голем тим и претставувам голема фудбалска земја, па мораме да одиме на турнирот со големи очекувања. Тие постојано зборуваат за нашата „златна генерација” и има одредена вистина во ова. Ние сме заедно речиси десет години. Сега во репрезентацијата има млади играчи. Секако дека имаме неверојатна генерација играчи, но се уште ништо не сме освоиле. Ако навистина сакаме да се нарекуваме „златна генерација”, тогаш мислам дека треба да го направиме тоа. Искуството дефинитивно ни помогна на претходните турнири. Се надевам дека уште некое време се ќе продолжи во истиот дух”, изјави Азар.
Белгија ќе се соочи со Хрватска, Канада и Мароко во групната фаза на Светското првенство во 2022 година.