Дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле, кој настапува како позајмен играч во Тотенхем, може да остане во англискиот фудбалски премиерлигаш. Според „Фудбал Еспања” двата клуба ќе разговараат за трансфер опција за 10-15 милиони евра.
Дваесет и седумгодишниот Французин дојде во Барселона во 2018 година. Оваа сезона настапува за Тотенхем за кого одигра осум натпревари.