Бенфика го исфрли Јувентус од ЛШ, прв пораз на Реал, Милан се прошета низ „Максимир“

Пари Сен Жермен, Бенфика и Борусија Дортмунд обезбедија вечерва осминафинале во Лигата на шампионите и им се придружија на Баерн Минхен, Наполи, Манчестер сити, Бриж и Реал Мадрид, кои од минатото коло го заверија настапот во пролетните елиминации во мултимилионската елита.

Бенфика го исфрли италијанскиот великан Јувентус од Лигата на шампионите после победата со 4-3 во Лисабон, во која „орлите“ ја газеа „старата дама“ во три четвртини од мечот, но набрзина им дозволија на Италијанците да се вратат во мечот и да се борат за чудесен пресврт. Рафа Силва погоди дирек за да ја завери победата, но Јувентус имаше низа супер шанси за голови, кои не ги реализираше.

Антонио Силва, Жоао Марио и Рафа Силва со два гола до 50-та минута ја обезбедија победата, а Душан Влаховиќ даде еден гол во првиот дел, па Аркадиуш Милик и Вестон Мекени во две минути од 77-та до 79-та ги дадоа головите за Јувентус.

Пари Сен Жермен во истата група со вистинска рапсодија и предводен од Лионел Меси кој даде два гола и имаше две асистенции в триумфот со 7-2 за запечатување на осминафиналето. Килијан Мбапе додаде два гола со асистенција, еден даде Нејмар, а Бразилецот изнуди и автогол на Голдберг.

Единствен меч без голови беше дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити, откако Ријад Марез вторпат по ред промаши пенал, па Борусија Дортмунд освои бод за да го завери осминафиналето и да ги урне и малите надежи на Севилја, која претходно го победи Копенхаген, дека може да се случи чудо во трката за пролетните елиминации.

Милан со 4-0 го разнесе Динамо среде Загреб, па „росонерите“ дојдоа до второто место во групата каде Челси претходно обезбеди осминафинале со триумфот против Салцбург со 2-1 и во последното коло во директен дуел на миланезите со „биковите“ ќе се решава кој ќе биде вториот патник во следната рунда. Габија, Леао, Жиру од пенал и Љубичиќ со урнебесен автогол беа стрелци за Милан.

Лајпциг со 3-2 го победи европскиот првак Милан и дојде на чекор до осминафиналето, откако Шахтер ремизираше 1-1 кај Селтик во Глазгов и пред меѓусебниот дуел на Германците со Украинците, Лајпциг има три бода повеќе и им треба бод за пласман, додека Шахтер ќе мора да победи и поради подобриот меѓусебен дуел (славеа во првата меѓусебна пресметка) да обезбедат осминафинале.

Јошко Гвардиол и Кристофер Нкукну за пет минути од 13-та до 18-та дадоа голови за водство на Лајпциг, а Тимо Вернер ја завери победата со гол на девет минути пред крајот. Бразилскиот тандем на „кралевите“ Винисиус Жуниор и Родриго беа стрелци за европскиот шампион.

Треба да знаете
Последни објави