Е. Пелистер поразен од Архус во ЕХФ Европската лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва загубија од Архус со 30:27 во првиот свој настап сезонава во Европската лига на ЕХФ Д-група.

Битолчани добро го отворија натпреварот, имаа во пет наврати и три голови предност, но во финишот на првото полувреме како да им снема сили и гостите по 11:9 за Пелистер направија серија од 7:1 за предност на полувреме со 16:12.

Архус во текот на целото второ полувреме го контролираше резултатот и не го испушти водството кое беше изразено и со највисоки +5. Пелистерци на пет минути пред крајот се доближија на 26:27, но не успеаја да го избегнат поразот.
Хенеберг и Хосни со по пет гола беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер, а кај гостите се истакна Хакун Вест со единаесет погодоци.

Трибините во салата „Боро Чурлевски” во Битола беа целосно исполнети, а Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар имаше поддршка од своите навивачи.

Во второто коло македонскиот претстваник ќе гостува во Португалија кај Агуас Санташ.

Треба да знаете
Последни објави