Атлетико Мадрид испадна од Лигата на шампионите откако одигра 2-2 на свој терен со Баер Леверкузен, на Камп Ноу Баерн Минхен со 3-0 ја совлада Барселона.
Кога игра Атлетико Мадрид предводен од Диего Симеоне номрално е и да се случува „циркуз“ на теренот. Така беше и вечерва на мечот против Баер Леверкузен.
Главниот судија на мечот, Французинот Турпан при резултат 2-2 свиреше крај, но одлучи да ги врати фудбалерите на терен како би досудил пенал за домашниот тим.
Иако за момент настапи вистинска еуфораија на „Ванда Метрополитано“, сепак брзо се се врати на старо откако Караско не го реализираше пеналот.
Со ова реми Атлетико Мадрид го заврши својот настап во Лигата на шампионите, откако пред последното коло нема ниту теоретски шанси за осминафинале.
Баерн Минхен лесно ја совлада Барселона која и пред овој меч знаеше дека нема да продолжи во ЛШ.
Мане во 10. минута го отвори мечот, Чупо Мотинг во 31. минута зголеми на 2-0, Павар во 95. минута ги постави конечните 3-0.
Фудбалерите на Ливерпул го потврдија пласманот во второто коло од најелитното натпреварување откако во Амстердам го совладаа Ајакс со 3:0. Во поголемиот дел од првото полувреме Ајакс имаше иницијативата на теренот, но сепак Салах го доведе Ливерпул во водство
Дарвин Нуњез промаши празен гол во првото полувреме (тука), но се и„извади“ во вториот дел кога постигна гол по корнерот на Робертсон во 49. минута. Три минути подоцна Харви Елиот ги постави конечните 3:0.
Сигурен беше и Наполи кој со идентичен резултат го победи Ренџерс на стадионот Диего Армандо Марадона. Џовани Симеоне со головите во 11. и 16. минута навести лесен триумф на италијанскиот тим, а конечниот резултат го постави Лео Остигард во 80. минута, па Наполи и Ливерпул во дуел ќе го решаваат победникот од групата. Елмас беше стартер и на теренот се најде до 73. минута.
Неизвесна завршница ќе имаме во групата Д
Тотенхем и Спортинг од Лисабон ремизираа 1:1, Маркус Едвардс ги доведе гостите во водство во 22. минута, а Родриго Бетанкур во 80. минута успеа да го совлада Адан по одличната офанзива на „пејачите“.
Англискиот тим тргна на се или ништо и за малку ќе дојде до тоа што го сакаше, Хари Кејн погоди во 95. минута по центаршутот на Перишиќ, но голот беше поништен поради минималниот офсајд. По целата драма, црвен картон доби Конте кој се нафрли на судијата Мекели.
Марсеј беше поразен од Ајнтрахт со 2:1 во Франкфурт, а сите голови ги видовме во првото полувреме. Домашните поведоа во третата минута со голот на Даичи Камада, а Матео Гуендузи го израмни резултатот во 22. минута.