Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром на убедлив начин го доби дербито со најтрофејниот македонски клуб Работнички. „Сино-белите” вечерва во СРЦ „Кале” победија со 47:66 (по четвртини 14:19, 8:20, 11:11 и 14:16).
Најефикасни во тимот од Аеродром беа Бре Ајви со 16 и Бојан Крстевски со 14 поени.
Кај домаќините се истакна Ерик Крафорд со 16 поени.
Меѓусебниот биланс во победи на вечните ривали сега е 91:68 за Работнички.
За МЗТ Скопје ова беше втора победа во третиот настап сезонава во Првата лига, додека Работнички го претрпи третиот пораз и се уште е без ниту една победа.