Ѕвездата на кошаркарскиот НБА-лигаш Голден стејт вориорс, Клеј Томпсон, првпат е исклучен во кариерата по 650 натпревари од регуларната сезона и 145 натпревари во плејофот на најсилната лига во светот.
Томпсон ноќеска на натпреварот со Феникс санс на гостински терен, најпрво имаше вербален дуел со лидерот на Санс Девин Букер, а потоа и мало кошкање кое можеше да премине во поголема физичка пресметка во третата четвртина.
По инцидентот Томпсон не се смири и му кажа нешто на судијата Ед Малој, кој му даде втора техничка и автоматски исклучувачка грешка.
Феникс победи со 134:105, Томпсон до исклучувањето имаше по два поена и асистенции за 19 минути со шут од поле 1 од 8 од поле.