Ливерпул, Манчестер јунајтед и Челзи се подготвени да го ангажираат играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг оваа зима.
Според „ESPN”, англиските клубови ќе дадат понуда за трансфер на 25-годишниот Холанѓанец во случај играчот да сака да ги напушти Каталонците.
Летото Барселона сакаше да го продаде играчот, но самиот Де Јонг избра да остане на „Камп ноу”.
Играчот од средниот ред оваа сезона одигра девет натпревари во Примера и постигна еден гол. Барса е на второто место со 25 бода по 10 првенствени натпревари.