Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри зошто го заменил најдобриот стрелец во тимот Ерлинг Халанд на полувремето против бундеслигашот Борусија Дортмунд од каде летово пристигна Норвежанецот во неговата екипа. Борусија му беше домаќин на Манчестер сити во рамките од 5. коло во групната фаза од Лигата на шампионите (0:0).
По ваквиот потег на Гвардиола, многумина се прашуваа зошто Халанд е повлечен од игра ште на полувремето.
-Ерлинг имаше мала температура пред натпреварот, како и Жоао Кансело. Беше уморен, доби и удар, затоа одлучивме да го замениме на полувреме. Во тој период доста се мачевме и ни беа потребни свежи играчи на терен, го објасни својот потег Гвардиола.
Во одсуство на вистинскиот одгворо, шпекулациите беа дека таков е договорот на Халанд со Дортмунд, да нема голема минутажа против Борусија ако се сретнат во меѓународните средби откако ќе замине од Дортмунд.
Во последното коло Сити ја дочекува Севилја, додека Дортмунд гостува во Копенхаген.