Адидас ја прекина соработката со Канје Вест поради антисемитизам

Гигантот за спортска облека  Адидас ја прекина соработката со раперот Је, познат како Канје Вест, со објаснување дека не толерира антисемитизам и кој било друг вид говор на омраза.

-Соработката на Адидас и брендот Yeezy на господин Вест беше ставена на преиспитување, откако тој го покажа дизајнот на маичката White Lives Matter на модната недела во Париз.

Неколку дена подоцна раперот објави антисемитски коментари на својот твитер-профил. Неговите производи веднаш ќе бидат повлечени од продажба, соопшти Адидас.

Брендот за спортска облека претходно изјави дека соработката со Је е една од најуспешните во историјата на компанијата.

-Прекинот на партнерството значи дека Адидас ќе има нето-загуба од 217 милиони фунти во 2022 година како резултат. Адидас не толерира антисемитизам и кој било друг вид говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки на Је се неприфатливи, полни со омраза и опасни, ги нарушуваат вредностите на компанијата за различност и инклузивност, меѓусебно почитување и правичност, велат од Адидас.

Треба да знаете
Последни објави