Кошаркарите на Партизан стигнаа до втората победа во Евролига оваа сезона откако на домашен терен славеа против Жалгирис со 87:76. Тимот на Жељко Обрадовиќ водеше во најголем тек од натпреварот, но Жалгирис сепак беше жилав ривал.
Кевин Пантер брзо направи четири лични грешки и тоа беше проблем за „црно-белите“, но, сепак, успеаја да ја остварат целта.
Пантер беше најефикасен во победничкиот тим со 26 поени.
Макаби Тел Авив го победи Панатинаикос со 85:74, а Монако на гости го совлада Олимпијакос со 76:81.