Кошаркарот на Струмица, Светозар Стаменковиќ собра 57 индексни поени на дуелот со Феникс 2010 и е прогласен за најкорисен играч во 3. коло од Првата лига.
Српскиот интернационалец одигра повеќе од 38 минути во кои дојде до ефект од 36 поени, 14 скока, шест асистенции, четири освоени и две загубени топки. Тој ги погоди сите 11 обиди од поле, четири за три и седум за два поени. Имаше и само едно нереализирано слободно фрлање од вкупно 11 изведени.
Покрај Стаменковиќ во петорката на колото место си обезбедија и Гиорги Корсантиа од Гостивар (40 индексни поени), Недим Мустафица од Пелистер (28), Јусуф Мохамед од Чаир (27) и Демонт Бекингем од Феникс (27).