Шпанија воведе „Анти Пике“ закон, клубовите најавија штрајк

Шпанија донесе нов закон за спорт, кој предизвика бура од незадоволство меѓу клубовите. 39 клубови од Примера и Сегунда најавија дека ќе стапат во штрајк, откако во Законот е вметнат членот дека шпанските клубови можат да се натпреваруваат во домашното првенство и во Суперлигата. Покрај овој член, големо внимание привлече и членот 47, кој медиумите го нарекоа „Анти-Пике’.

Членот 47 од Законот за спорт на спортистите им забранува комерцијална поврзаност со натпреварувањата во кои се натпреваруваат.

Оваа промена е направена по бројните контроверзии при организацијата на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, која Фудбалскиот сојуз на Шпанија и ја препушти на компанијата Космос чии сопственик е Пике.

Договорот беше вреден 24.000.000 евра, многумина веруваа дека се работи за конфликт на интереси, но контроверзниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес, негираше дека тие му ја платиле споменатата сума на Пике, туку дека тоа го направиле организаторите на натпреварите во Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави