Напаѓачот на Интер, Един Џеко е задоволен од своето издание во победата над Викторија Плзен (4:0) вчеравечер во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Босанскиот репрезентативец постигна два гола.
– Освен првите 10-15 минути игравме добро. Го правам она што треба да го направам за тимот, тоа е моја одговорност. Некогаш излегува подобро, некогаш полошо, но јас секогаш се трудам да го дадам најдоброто од себе, рече Џеко, цитиран од прес-службата на УЕФА.
Интер постигна 10 бода и обезбеди пласман во плејофот од Лигата на шампионите. Викторија не освои ниту еден бод и е на последното место во групата Ц.
Во последното коло од групната фаза на 1 ноември, Викторија ќе и гостува на Барселона, Интер ќе игра на гости кај Баерн.