Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија Луис Енрике денеска го доставил поширокиот список од 55 играчи до ФИФА, од кои само 26 ќе патуваат на Светското првенство кое ќе започне идниот месец – ноември, во Катарт.
На поширокиот список се најдоа и имињата на Серхио Рамос, Јако Аспас и Кепа Аризабалага.
Она што посебно изненадува е фактот што Луис Енрике целосно го има прецртано Давид Де Хеа, па голманот на Јунајтед не се најде ниту на прелиминарната листа од 55 фудбалери, што значи дека предност пред него имаа Симон, Кепа, Санчез и Раја.
Во листата на Енрике, доминираат фудбалери на Барселона како Ерик Гарсија, Бускетс, Алба, Алонсо, Гави, Педри, Ансу Фати и Феран Торес, а во поширокиот список има само двајца играчи на Реал, Карвахал и Асенсио, што значи дека Начо сигурно нема да настапи на мундијалот.