Пелистер добро се испоти за да ја оправда фаворитската улога во Скопје

Македонскиот ракомете вицепрвак Пелистер очекувано го совлада Скопје (25:20) и стигна до седма победа во осмиот меч од Суперлигата. Битолчани мораа да се помачат за да ја оиправдаат фаворитската улога на гостувањето кај Скопје.

Иако тргнаа фуриозно и сè наликуваше на стартот дека Пелистер овојпат нема да има мака и лесно и убедливо ќе победи, откако мечот го отвори со пет разлика (6:1), Скопје не се предаде до полувреме ја преполови разликата на три негатива (9:12), а во вториот дел успеа и да израмни (14:14, 17:17), но тоа беше се бидејќи битолчани благодарение и на голманот Лесјак повторно направија три гола предност и не ја испуштија до крајот на мечот.                              Ханенберг со шест гола беше прв стрелец кај битолчани, а Руди додаде четири, додека Трајковски со шест гола беше прв стрелец кај домаќините.                                                               Пелистер има скор од седум победи и реми како и вториот тим на „фармацевтите“, а Скопје го запиша шестиот пораз и остана на два триумфи досега во сезоната.

Треба да знаете
Последни објави